Кориснички сервис: Регистрирајте се
1024z260_4_Sajt_baner_1024x260_2.png

26. 11. 2018.

Новиот извештај за одржливо работење „Здрава организација“

Новиот извештај за одржливо работење под името „Здрава организација“ објавен во ноември 2018 се однесува на работењето на сите компании на Nelt Група во регионот на Западниот Балкан во периодот 2016/17.

Со ова е продолжена позитивната практика за известување која започна 2016 со објавување на публикацијата „Дистрибуираме одговорнo“ за работењето на Nelt во Србија во текот на 2014/15.

Преку мерливите показатели, во новиот извештај претставени се важни аспекти на работењето на нашите компании и влијанијата коишто тие ги имаат на пазарот, вработените, животната средина и локалната заедница. Известувањето во согласност со најрелевантната светска методологија (Global Reporting Initiative), Nelt ги претставува работните резултати, ја одразува позитивната репутација и се позиционира меѓу општествено одговорните компании.

Публикацијата наменета е за сите стејкхолдери на Nelt, и овозможува детално запознавање со проектите спроведени во областа на антикорупција, управување со ризици, управување со отпад, грижа за вработените, здравјето и безбедноста на работата, обука и со други активности на компанијата Nelt Група.

Download HERE