Кориснички сервис: Регистрирајте се
047.jpg

25. 01. 2018.

Новиот принципал на Нелт СТ: Европа

Македонската компанија, фабриката за кондиторски производи Европа - Скопје, чија основна дејност е производство на чоколади, вафли и бонбони е новиот Принципал на Нелт СТ.

Успешната приказна на Европа започнува од 1882 год. создавајќи ги брендовите: Шери чоколаден десерт, Елит темните чоколади, Јадран и Хазелнут наполитанки, Крем банани, Пралине чоколадирани десерти, Кинг рум штангли, Чоколокум, гумени и желе бонбони како и Ајс, Еука Ментол и Колорадо бонбоните и уште многу други.

Нелт СT започна со дистрибуција на производите од портфолиото на Европa покривајќи ги и КА купувачите. Ова е уште една поврда за вредностите на компанијата Нелт СТ која се етаблира како една од водечките дистрибутерски компании во Македонија.

Дознајте повеќе за компанијата Европа на линк.