Кориснички сервис: Регистрирајте се
danas.jpg

Нелт денес

Досегашниот успех на Нелт се базира на одговорноста што компанијата ја негуваше во текот на 25 години посветена и професионална работа, во сите аспекти на бизнисот. Своето искуство и експертиза Нелт ја пренесе и на другите пазари, на кои денес самостојно функционираат компании, во рамките на организацискиот систем на Нелт Група. Благодарение на признатиот професионален однос кон своите соработници, како и етичките и стратешките насоки по кои се раководи, Нелт е препознат како прв избор за светските компании во обезбедувањето на квалитетни дистрибутивни и логистички услуги.
Нелт им нуди на своите партнери услуги за увоз и царинење на роба, складирање, продажба и испорака, маркетинг, почитувајќи ги подеднакво потребите на сите засегнати страни во синџирот на снабдување – своите принципали, купувачи и крајни потрошувачи.
Применливите стандарди, усогласеноста со законската регулатива, примената на најуспешните бизнис модели и воведувањето на иновациите, му обезбедуваат на Нелт континуиран развој и лидерска позиција на пазарот.